Напаѓач облечен како Дедо Мраз пукал низ Сараево

од Nikola Popovski

Во Сараево, на Башчаршија, две лица биле ранети од огнено оружје. Напаѓачот кој ги ранил бил облечен во костум на Дедо Мраз, пренесуваат медиумите во БиХ.

Според очевидци, маж во костум на Дедо Мраз набрзина се движел по улицата, по што извадил пиштол и започнал да пука во правец на двајца мажи и една девојка, пренесува порталот „Кликс“.

Очевидци изјавиле дека напаѓачот ги застрелал во нозете, по што побегнал во правец на Катедралата

Во пукањето се повредени две лица, а полицијата од Сараево претходно соопштиле дека лицата се здобиле со полесни повреди.

Полицијата интензивно трага по сторителот.

Слични содржини