Напаѓачот на Барселона сруши рекорд на Шпанија стар 95 години

од Vladimir Zorba

Напаѓачот на Барселона, Ансу Фати, стана најмладиот стрелец за шпанската фудбалска репрезентација, на мечот што „црвената фурија“ го игра против Украина во рамките на Лигата на нациите!

Фати ја затресе мрежата на Украинците во 32-та минута, откако „шутна“ од некои 16 метри и со помош на стативата го совлада искусниот Пјатов. Фати имаше 17 години и 311 ден кога топката влезе во мрежата.

Ова значи дека талентот на Барселона соборил рекорд стар дури 95 години, односно оној што го држеше Еразкин од 1925 година, кој во тоа време имаше 18 години.

Шпанија, инаку, водеше со 3:0 на полувреме, а првите два гола ги постигна Серхио Рамос. Првиот од пенал, вториот со глава по асистенција на Олма.

Слични содржини