Напаѓачот на Бислимовски му се извинил за физичкиот напад

од Nikola Popovski

Го видов видеото и го осудувам настанот со физичкиот напад врз првиот човек на РКЕ, изјави денеска министерот за економија, Крешник Бектеши, при што информира дека се слушнал со Марко Бислимовски и дека напаѓачот му се извинил за настанот.

Тој додаде дека не верува дека ова може да влијае во загрозување на енергетскиот сектор во државата.

-Не сакам да навлегувам во независноста на Регулаторната комисија. Тие одлучуваат за лиценците и исполнување на условите на компании, додаде Бектеши.

Во понеделникот, синот на Муса Џафери, Аријанит Џафери физички го нападна претседателот на РКЕ Бислимоски пред кафеана на улица „Боемска“. Причината поради која ескалирала ситуацијата е поради тоа што Регулаторна отворила постапка за одземање на лицената на фирмата У Повер поради недолично однесување на пазарот со струја,а чиј сопственик бил токму Аријанит Џафери. Напаѓачот го признал делото и заработи кривична пријава.

Слични содржини