Напаѓачот од Казан ја призна вината, но негира дека имал мозочно заболување

од Nikola Popovski

Илназ Галавијев, кој пукаше кон ученици и наставници во средно училиште во Казан, се изјаснил за виновен, изјави претставник на истрагата во Советскиот окружен суд во Казан.

„Покрај личното признание, учеството … извршувањето на инкриминираните злосторства било потврдено и од сведоци“, рекол претставникот на истрагата.

За вината на Галавијев укажува и неговиот канал на Телеграм. Напаѓачот ги спомена своите планови само 20 минути пред инцидентот. Според основачот на Телеграм, Павел Дуров, каналот на напаѓачот бил блокиран поради повици за насилство еден час по објавата.

Судот одредил мерка притвор од два месеци како превентивна мерка. На прашање од судијата дали обвинетиот има нешто против ваквата превентивна мерка, Галавијев одговорил не.

Претставник на истрагата пред судот рекол дека Галавијев испукал најмалку 17 куршуми за време на нападот врз училиштето.

Истражителот истакнал дека против Галавијев е подигнато обвинение за убиство на две или повеќе лица, за што тој целосно ја призна вината.

На прашање од судијата дали страда од сериозно заболување, Галавијев одговорил негативно. Сепак, претходно, портпаролот на Истражниот комитет на Русија, Светлана Петренко, објави дека на напаѓачот му е дијагностицирана болест на мозокот во 2020 година.

Како што претходно објави порталот „Лајф.ру“, повикувајќи се на извори, при претресот во станот на напаѓачот, пронајдени се компоненти за изработка на импровизирана експлозивна направа, шише тинктура и некои „записи“. Се посочува дека на местото на трагедијата биле запленети 445 куршуми за полуавтоматско оружје, нож и експлозивна направа. Според изворот, на самото место биле пронајдени 29 чаури.

Во пукањето што се случи во вторникот во училиште во Казан, загинаа седум ученици и двајца наставници, а 23 лица беа повредени. Претседателот на Татарстан, Рустам Миниханом, изјави дека напаѓачот бил 19-годишен млад човек кој имал дозвола за оружје.

Фото: Sputnik / Maksim Bogodvid

Слични содржини