Киселинскиот рефлукс е многу непријатна состојба. Хроничното враќање на киселини во хранопроводот може да доведе до сериозни оштетувања на ткивата и усната шуплина.ef453d17c137f724703ad61572317f47

Страдалниците со постојано враќање на киселини знаат колку тешка е борбата со нив. Заедно со лековите за задушувањето киселините, има и природни средства против рефлукс .

Ѓумбирот е еден од нив. Напивката од ѓумбир помага за намалување на киселините и олеснување на чувството на горење.
Напивка од ѓумбир има пријатен, малку зачинет вкус и арома. Тоа може да биде менувано со малку мед и лимон за подобрување на вкусот и здравите квалитети.b54642284619e3924339a8139b67ebda

Како да си направите напивка од ѓумбир?
Истурете вода во тенџере и оставете да зоврие на силен оган. Излупете ја кората од ѓумбирот со помош на нож за лупење за зеленчук. Исечете го на крупни парчиња.
Потоа потопете ги во врела вода. Намалете ја ринглата на средна до ниска температура и варете десетина минути. Потоа исцедете ја напивката од ѓумбир. Оставете малку да се излади и додадете свежо исцеден лимонов сок од еден плод и 1 лажичка мед. Добро промешајте и оставете да се излади целосно.
Истурете во соодветна амбалажа и пијте на мали голтки во текот на целиот ден.

Слични содржини