Напнато меѓу Ким и Канје: Раперот ја прекина комуникацијата, а еве што ѝ порача на старлетата

од Stefanija Kuzmanovska

Ким Кардашијан (40) и Канје Вест (43) не разговараат откако најпознатата старлета на светот поднесе барање за развод.

Раперот ги сменил сите телефонски броеви и ѝ порачал дека можат да зборуваат само преку неговото обезбедување, пренесува Page Six.

Според извор, Канје Вест одеднаш се дистанцирал од Ким, дури и пред документите да бидат предадени на судот.

„Тој ѝ рече: Можеш да ме контактираш само преку моето обезбедување“, вели изворот.

Но, и покрај тоа, парот ќе продолжи заеднички да ги одгледува четирите деца – ќерките Норт (7) и Чикаго (3) и синовите Сент (5) и Псалм (1).

„Таа излегува од куќата, тој доаѓа и ги гледа децата. Имаат армија од дадилки“, продолжува изворот.

Кардашијан остана да живее во Лос Анџелес со децата додека раперот престојува наѝ неговиот ранч во Вајоминг.

Слични содржини