НАПНАТО ВО САД пред инаугурацијата на Бајден: Страв во Вашингтон поради немири

од Stefanija Kuzmanovska

Американските експерти за безбедност се загрижени за можен „напади одвнатре“ или закана што може да дојде од припадниците на службата кои ќе бидат задолжени за чување на новоизбраниот претседател на САД Џо Бајден за време на инаугурацијата на 20 јануари, поради што тие побараа од сите 25.000 припадници на Националната гарда да дојдат во среда до главниот град.

Се појави зголемена претпазливост поради немирите што се случија на 6 јануари, кога пет лица беа убиени при упад на приврзаниците на Трамп во зградата на Конгресот, објави АП.

Министерот за армија Рајан Мекарти за АП изјави дека безбедносните служби се свесни за потенцијалните закани и ги предупреди командантите на единиците да бидат дополнително претпазливи со приближувањето на инаугурацијата, но командантите досега не забележале никаква закана.

Националната гарда започна да пристигнува во Вашингтон минатата недела и додаде дека ќе биде комплетна до среда.

Слични содржини