Направен летечки Рено четири (ВИДЕО)

од Milan1

Легендарниот „Рено четири“ годинава слави 60 години постоење, и по тој повод направена е летечка верзија на овој автомобил.
„Рено 4“ се произведуваше од 1961 до 1994 година и е еден од симболите на „народните автомобили“, а произведени се повеќе од осум милиони примероци.
„Рено“ планира тој модел да го оживее во сериско производство, како електричен кросовер, но дури од 2025 година.
За шест децении од создавањето на култниот автомобил, францускиот дизајнерски центар „Арсенал“ ја направи својата летечка верзија на „Ер 4“.
Во него има место само за пилотот, но не и за патниците. Летечкиот „Рено четири“ е сличен на голем дрон: има четири пропелери кои го креваат во воздух, а нема тркала.

Слични содржини