Направете домашно средство за заштита од комарци

од desk2

Едноставно е за употреба и природно мириса.

Инвазијата на комарци во доцните пролетни и летни вечери ги мачат сите оние кои сакаат по работата да се релаксираат во градината или на тераса.

Ако излезете да прошетате, и таму ќе ве дочекаат роеви на комарци, а непријатните убоди и чешање го расипуваат вечерното седење во двор.

Сите се трудиме да се заштитиме на различни начини, а хемиските помагала кај многумина предизвикуваат алергиски реакции.

Затоа пробајте домашен рецепт против комарци од само 3 состојки.

Потребно ви е:

– растително масло (било кое, по ваш избор)

– благ шампон за коса и

– 9% оцет (внимавајте, не есенцијален!)

Во шише со распрскувач измешајте еднакви количини на овие три состојки и ќе добиете емулзија со бела боја- потребно да го тресете секој пат кога ќе сакате да го користите.

Од растојание од неколку сантиметри, прскајте делови од кожата кои се изложени на каснување од комарци – голи раце, нозе, можеби и вратот.

Слични содржини