Направи нешто што никогаш предходно не го направила: Кејти Холмс отворено за разводот од Том Круз

За Кејти Холмс се вели дека никогаш не изгледала подобро, а сега тоа уште еднаш го покажа и докажа позирајќи за насловната страница на магазинот InStyle. Во него, за прв пат сосема искрено и без опструкции, зборуваше за детали од приватниот живот за кои до сега молчеше.

Меѓу останатото, зборуваше и за стресот кој го доживеала кога, по шест години брак, во 2012 година се разведе од Том Круз.

„Тоа време беше напнато и интезивно. Сето тоа привлече големо внимание, а покрај тоа имав и мало дете. Многумина кои дотогаш не го познавав, на крајот ми станаа пријатели и многу ми помогнаа“.

Таа се присетила и како еден возач на такси и помогнал во една вечер која и била особено тешка.

„Беше неверојатен момент и мислев дека се распаѓам. Сури имаше 6 или 7 години и ја носев да спие кај нејзина пријателка. Стигнавме пред зградата а возачот на таксито ми помогна, ја отвори вратата и ја зеде во раце и ја донесе до зградата за да не се разбуди. Беше неверојатно љубезен“, се присетила Холмс.

Колку Сури и значи и колку се поврзани, 41-годишната Кејти никогаш не криела:

„Ја сакам најмногу на светот. Моите најголеми цели секогаш беа насочени кон нејзината индивидуалност. Секогаш се трудев да биде тоа што е – силна, самоуверена и способна и на крајот таква и стана. Секогаш кога ќе одбере нешто работи на тоа и се предава целосно, се додека не биде совршена во тоа. Фокусирана е и предадена на се“.

Кога се присетила на растењето на нејзиното девојче, која во текот на годините беше едно од најфотографираните деца во светот, Кејти признала дека тоа било многу стресно, бидејќи папараците ги прателе во секој чекор.

„Постојано не следеа, а јас сакав да излезам со неа надвор, затоа излегувавме во 6 часот наутро во парк, како никој не би не видел.“

Кејти признала дека сега, откако ја преминала 40. година, е многу посвесна за некои работи:

„Сега знак за што зборувам и знам дали моите чувства имаат цена. Наместо да се потпирам на некој друг, се слушам себе и тоа е голем чекор за секој човек. Треба време за да дојдеш до таму“.

Слични содржини