Направил сцена во ресторан: Ја нокаутирал сопругата затоа што седела со двајца мажи

од Stefanija Kuzmanovska

Кинеската полиција испитува сцена што се случила во еден ресторан во северниот кинески град Баодинг каде љубоморен маж ѝ удрил шлаканица на својата сопруга затоа што седела со двајца мажи.

Имено, тој влегол во ресторанот, се приближил до масата каде седела жената за која тврди дека е негова сопруга, силно ѝ удрила шлаканица, по што таа се онесвестила на клупата каде што седела.

Мажот потоа продолжил да фрла предмети низ ресторанот.

– Тоа е мојата сопруга! Ве гледав од надвор 20 минути – викал тој пред да избега од ресторанот.

Полицијата соопшти дека го испитува случајот, но дека никој не е уапсен.

 

 

Слични содржини