Нарачала убиство на нејзиниот славен сопруг, филмски расплет спречи трагедија!

од Vladimir Zorba

Јагмур Шарнич, убавата сопруга на познатиот турски фудбалер Емре Ашик, ќе одговара пред судот за обид за убиство откако беше откриено дека таа нарачала смрт на нејзиниот сопруг и платила 1,3 милиони американски долари за тоа, пренесуваат турските медиуми.

Шарнич и Ашик се венчаа во Франција во 2012 година, во меѓувреме добија три деца, но неодамна влегоа во бракоразводна парница полна со контроверзии, па Шарнич се обиде да стави крај на животот на поранешниот турски репрезентативец, наоѓајќи платен убиец преку нејзиниот љубовник, кој веќе издржал затворска казна за егзекуција на три лица.

На нејзино чудење, атентаторот во последен момент се предомислил и признал на Ашик што се случува зад неговиот грб, а обвинителството, во меѓувреме, открило дека таа најпрво го убедила својот љубовник Ерди Шунгур да го изврши злосторството.

– Вистина е, имавме афера. Таа размислуваше само на наследството на нејзиниот сопруг и ме замоли да го убијам. Но, јас одбив. Еднаш дури ми донесе парче месо и ме замоли да го застрелам за да се подготвам, но откако не успеав, таа луто ми се развика – призна љубовникот пред обвинителот, кој подоцна попуштил под нејзин притисок и нашол друг маж за таа валкана задача.

Јагмур Шарнич му дала пиштол на атентаторот, а потоа дури и лично побарала место на кое ќе го закопа телото на Ашик, но планот не успеал кога платеникот се предомислил и се покајал пред еден од ретките фудбалери кои ги бранеле боите на сите три гиганти во Истанбул – Галатасараја, Фенербахче и Бешикташ.

Слични содржини