Народна банка на Србија: „Ќе преземеме соодветни мерки ако Хрватска го стави Тесла на еврото“

од desk4

Сосема неочекувано, идејата за ставање на фигурата на Никола Тесла, српски научник роден во Хрватска, на хрватската монетата евро, предизвика голем интерес во Србија, но и незадоволство.

Телеграф.рс праша за праксата при одлучување, што ќе има на паричката што штотуку се пушта во оптек и дали српската страна ќе реагира на овие најави.

Народната банка на Србија соопшти дека, доколку се реализира оваа објава, Србија сигурно ќе преземе соодветни мерки.

– Народната банка на Србија е на мислење дека евентуалното поставување на Никола Тесла на националната страна на паричката за евро, ако Хрватска стане членка на еврозоната во следниот период, би претставувала присвојување на културното и научното наследство, со обзир на тоа дека неоспорно славниот научник во текот на својот живот се изјаснувал како Србин по потекло и по род.

Во врска со ова, сосема е сигурно дека ќе бидат преземени соодветни активности против надлежните институции на ЕУ со цел да се укаже на несоодветноста на ваквиот предлог – велат од НБС.

Дизајнот на евро банкнотите е ист без оглед на земјата која ги печати, посочува Централната банка на Србија, а прашањето за дизајнирање на монети од евро е регулирано со Регулативата на Советот на ЕУ за апоени и технички спецификации на евро-монети.

Според оваа регулатива, евро-монетите имаат една заедничка (европска) страна, што е иста кај сите евро-монети (аверс) и друга национална (обратна), која се разликува од земја до земја и која носи ознака на земја-членка на ЕУ.

На таа национална страна на евро-монетата, мора да има круг составен од 12 sвезди (симбол на ЕУ) кои целосно го опкружуваат националниот дизајн. Во рамките на овие 12 sвезди, земјата-членка одлучува независно за мотивите што треба да бидат презентирани.

На пример, Италија има монети од 2 евра кои го прикажуваат портретот на Данте Алигиери (од Рафаел) и цртеж на монета од 1 евро од Леонардо Да Винчи, што ги покажува идеалните пропорции на човечкото тело. Грција има мозаична сцена во Спарта на паричка од 2 евра, која ја прикажува божицата Европа киднапирана од Зевс во форма на бик, и паричка од 1 евро, на која е претставена був, направена по стара атинска монета од 4 драхми.

– Државите обично формираат комисии (уметници, нумизматичари, политичари) кои избираат национален дизајн на евро-монета од голем број предлози.

За националниот дизајн на паричка од евро одлучува земјата-членка на ЕУ што го користи еврото како заедничка валута.

– Дизајнот на евро-монета може да се смени по истекот на 15 години, освен ако не дојде до промена на шефот на државата или доколку е потребно да се спречи фалсификување кога е можно да се смени дизајнот пред истекот на наведениот период, истакнува НБС.

Земјата-членка има обврска да ги информира другите земји-членки за нацртот за дизајнирање на новите национални страни на монети од евро, а барањето за одобрување на дизајнот се доставува до Советот на ЕУ. Советот на ЕУ ќе го одобри дизајнирањето на националната страна на паричката за евро доколку се исполнети техничките услови и ако нема забелешки од другите земји-членки кои го користат еврото како заедничка валута, велат од НБС.

– Во случај да има забелешки (и тие се можни кога предложениот дизајн на националната страна на една држава може да предизвика негативни реакции од граѓаните на друга земја-членка), Советот на ЕУ одлучува да го прифати или одбие барањето со квалификувано мнозинство. Покрај тоа, треба да се нагласи дека регулативата се однесува на земјите кои ги исполниле условите за влез во еврозоната, а Република Хрватска може да го стори тоа најрано во 2023 година, што е сомнително во моментот, забележува Централната банка на Србија.

Слични содржини