Народна банка претрпела ДДоС напад: „Интегритетот и доверливоста на податоците не е доведен во прашање“

од Vladimir Zorba

Вчеравечер беше отежнат или блокиран пристапот до веб-страниците на Народната банка и домашните банки, како резултат на ДДоС напад од страна на групата „Моќната грчка армија“, како што соопштија самите тие. Од Народна банка велат дека ситуацијата била „надмината во најкус рок преку мерките кои беа преземени од нивна страна, како и од банките и веб-провајдерите.

„Безбедноста, односно доверливоста и интегритетот на податоците, во ниту еден момент не беше доведенa во прашање“, истакнуваат оттаму.

ДДоС е напад на веб-страниците, во кој огромен број на фиктивни клиенти од различни локации се преправаат дека сакаат да добијат информации од страницата, поради што серверот се преоптоварува и му треба повеќе време за да одговори на барањата од реалните корисници. Но, во ваков случај ниту се исклучува сервисот, ниту пак се менува содржината на веб-страницата.

„Во согласност со глобалните трендови, Народна банка, заедно со банките, постојано работи на зајакнување на отпорноста на информативните системи, ги следи новите закани поврзани со дигиталниот простор и континуирано презема мерки во насока на унапредување на сигурносните заштити“, додаваат од НБ.

Слични содржини