Народната банка ќе реагира доколку продолжи растот на цените и тоа позначително влијае на инфлацијата

од Vladimir Zorba

Просечната годишна промена на цените за 2021 година е во рамките на проекцијата. Во просек за целата 2021 година, годишниот раст на цените изнесува 3,2%, при проектиран раст од 3,1%. Сепак, како и во глобални рамки, во последниот период, годишниот раст на цените забрза, а очекувањата за увозните цени се коригирани нагоре, беше соопштено на редовната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, на којашто беа разгледани движењата на меѓународните и домашните финансиски пазари и показателите за домашната економија во контекст на поставеноста на монетарната политика..

-Ценовните притисоци се последица на растот на цените на примарните производи и приспособувањата поврзани со специфичноста на пандемијата, за коишто меѓународните финансиски институции очекуваат постепено стабилизирање. Оттука, ценовните притисоци и натаму главно произлегуваат од фактори на страната на понудата, без поголеми притисоци од побарувачката. И покрај тоа, потребно е внимателно следење. Неизвесноста поврзана со ценовните промени и понатаму е нагласена, согласно со неизвесните економски ефекти поврзани со развојот и справувањето со пандемијата, како и од зголемената неизвесност на светските пазари на енергенси. Доколку растот на цените е од продолжен карактер и позначително влијае на инфлациските очекувања, Народната банка е подготвена за соодветна реакција со инструментите со кои располага, велат од НБ.

Слични содржини