НАСА: Досега пронајдовме над 5.000 егзопланети

од Milan1

Во јануари, 1992 година за првпат беа откриени егзопланети оддалечени 2.300 светлосни години од Земјата. Сега, 30 години подоцна, НАСА официјално потврди дека се пронајдени над 5.000 егзопланети.

Попрецизно кажано, 5.005 планети се документирани во архивата на НАСА, а секоја планета е со своја уникатна карактеристика.

„Ова не е само бројка, секоја планета е нов свет и ние ништо не знаеме за нив“, вели астрономот Џеси Кристијансен од Научниот институт на НАСА за егзопланети.

Меѓу пронајдените планети има мали, карпести светови како Земјата, гасовити џинови многу поголеми од Јупитер. Постојат и супер-Земји, како и мини-Нептун планети. Има и планети кои тврдоглаво кружат околу колабирани остатоци од мртви ѕвезди.

Астрономите се согласни во едно, никој досега не очекувал дека ќе откриеме толку многу светови надвор од Сончевиот систем.

Слични содржини