НАСА ги објави првите звуци некогаш снимени на површината на Марс

од Vladimir Zorba

Роверот „Истрајност“, кој пристигна на површината на Марс на 18 февруари, по првото тест возење, ги испрати првите звуци што ги сними на оваа планета.

Уредот „СуперКем“ монтиран на роверот може да ја анализира голата структура на Марс на пет различни начини, што ќе им помогне на научниците да изберат карпи од кои подоцна ќе земат примероци, кои ќе се користат за микробиолошки истражувања кои треба да одговорат на прашањето дали на Црвената планета некогаш имало живот, пренесе „24сата.хр“.

Меѓу првите податоци има звуци од површината на Марс, па сега е можно да се слушне како звучи ветерот на оваа планета.

– Звуците се со одличен квалитет. Тешко е да се поверува дека научно ќе ги анализираме првите звуци некогаш снимени на површината на Марс – рече научникот Неџоми Мардок.

Слични содржини