НАСА го одложи првото слетување на луѓе на Месечината по повеќе од 50 години

од Vladimir Zorba
279 прегледи

Американската национална аеронаутичка и вселенска администрација (НАСА) денеска соопшти дека првото слетување на луѓе на Месечината по повеќе од 50 години ќе биде извршено во 2026 година, а не во 2025 година, како што беше претходно планирано.

НАСА изјави дека астронаутите ќе мора да почекаат следната година пред да летаат до Месечината и уште неколку години пред да слетаат на неа, пренесува АП.

Американската вселенска агенција планираше да испрати четворица астронаути околу Месечината подоцна оваа година, но летот беше одложен за септември 2025 година поради технички проблеми.

Слични содржини