НАСА: Соработката со Русија за Меѓународната вселенска станица останува непроменета

од Stefanija Kuzmanovska

Директорот на НАСА Бил Нелсон изјави дека соработката со Русија останува непроменета кога станува збор за соработката во вселената, поточно, на Меѓународната вселенска станица.

„Војната во Украина ги промени околностите на земјата. Таа секако ја обедини Европа против Русија. Но, нема да ја промени соработката на Меѓународната вселенска станица“, изјави Нелсон за јапонскиот весник „Никеи“.

Руската ракета „Сојуз“ однесе американски астронаути до Меѓународната вселенска станица, а Москва неодамна навести дека би можело да дојде до нејзино повлекување од вселенската станица.

Слични содржини