Нашата земја не го почувствува разорниот земјотрес во Хрватска

Земјотресот кој пладнево ја погоди Хрватска, според досегашните податоци на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, не е почувствуван во земјава.

„Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје денеска, 29 декември 2020 година, во 12 часот и 19 минути, регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа во Република Хрватска, 570 km северозападно од Скопје со Рихтерова локална магнитуда ML=6.4“, посочија од Сеизмолошката опсерваторија.

Според досегашните податоци, со кои располага опсерваторијата, додаваат, земјотресот не е почувствуван.

Слични содржини