Нашите браќа од С.Македонија треба да разберат дека патот кон ЕУ води преку Софија, вели Радев

од Vladimir Zorba

Ние мора да бидеме обединети за нашите браќа од Северна Македонија да разберат дека нивниот пат не минува низ обиколки низ европските метрополи за да лобираат за притисок врз Бугарија, туку преку Софија. Ова го рече претседателот на нашиот источен сосед, Румен Радев во програмата на „Дарик радио“.

„Знаете дека го потпишавме нашиот Договор за добрососедство и соработка на 1 август 2017 година, кој од наша страна блеска со добронамерна наивност, бидејќи не ја исполни реципрочната добра волја. Имав критики за овој договор. Велам – ние сме две земји, ние сме браќа. Договорот беше добронамерен. Кога стана јасно дека не се почитува, во 2018 година реков дека е потребен нов анекс“, изјави шефот на државата.

Според него, тој им оддава почит на сите бугарски дипломати кои работеле на националната рамковна позиција.

„Таа е објективна и многу добра. Беше усвоена со консензус од бугарскиот парламент на 9 октомври минатата година. За жал, не се промовира доволно добро во ЕУ. Значи, тука сме во апсолутно обединета позиција со владата, иако задоцнето. Ние мора да бидеме обединети, доследни, сè додека нашите браќа навистина не разберат дека патот до членството во ЕУ не мора да биде подолгиот“, рече тој.

Слични содржини