Нашол отровна змија во салата од супермаркет (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Австралиецот Алекс Вајт пронашол жива, отровна змија во зелена салата купена во супермаркет во Сиднеј.

Тој мислел дека станува збор за црв, сè додека не видел јазик на змија.

„Целосно полудев кога видов дека овој мал јазик излезе од устата и почна да се движи и сфатив дека станува збор за змија бидејќи црвите немаат јазик“, рекол Вајт.

Станува збор за отровна змија од ендемичните видови, која била спакувана во пластика со салата.

Официјалните лица претпоставуваат дека змијата била успиена сè додека Вајт не ја купил.

Пластичната кеса била искината и змијата можеше да излезе, а од спасувачката организација што подоцна дошле по змијата, на Вајт му кажале дека ако змијата го каснела, ќе морал веднаш да оди во болница.

Ланецот Алди во кој е купена салата истражува како се случил инцидентот.

Змијата ќе биде вратена во Квинсленд следната недела, според регулативите што бараат животното да се врати во своето природно живеалиште.

Слични содржини