Насилни протести во Париз, уапсени 217 лица

од Stefanija Kuzmanovska

Француската полиција уапси 217 лица за време на протестот во Париз против пензиската реформа, која беше усвоена со покренување специјална процедура, пренесува порталот BFMTV.

Полицијата употребила солзавец и водени топови против демонстрантите на Плас де ла Конкорд во Париз, каде што се собраа околу 7.000 луѓе да протестираат против пензиските реформи.

Како што пренесе „Ројтерс“, демонстрантите фрлале со камења кон полицијата, која потоа интервенирала за да ги разбие групите учесници на протестот.

Слични содржини