Насилничката од Велес пријавена за две тепачки на малолетнички

од Берта Китинска

Малолетничката од Велес која нападна своја врсничка е повикана на разговор во полиција.

-На 20.04.2021 во СВР Велес било пријавено дека на 17.04.2021 околу 16.00 часот на ул.„11 Октомври“ во Велес 12-годишна малолетничка физички нападнала малолетно девојче на возраст од 11 години. Исто така, било пријавено дека на 18.04.2021 околу 15.00 часот на ул.„11 Октомври“ истата малолетничка физички нападнала друга малолетничка од Велес. Во врска со настанот, во полициска станица, во присуство на родител и социјален работник, бил извршен разговор со малолетното девојче, како и со уште една малолетничка која учествувала во настаните, информираат од полицијата.

Оттаму додаваат дека се преземаат и дополнителни мерки и по целосно документирање на случајот во координација со Центарот за социјални работи ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, како и пријава против родителот С.И.(39) од Велес поради негрижа за дете.

Слични содржини