Насилник нападнал момче со нож во „55-ка“

од Nikola Popovski

Напад со нож во автобус на ЈСП се случил вчера вечерта, информираа од МВР.

Според пријавеното, вчера 18:00 часот во Полициската станица Гази Баба, А.Х.(24) од с.Студеничани, скопско, пријавил дека околу 13:40 часот во градски автобус бр.55 на ул.„Методија Андонов  Ченто“, по кратка расправија, едно лице го нападнало со остар предмет и му нанело повреда.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини