Насилниците од Штип спроведени во суд

од Берта Китинска

Штипјаните С.А. и П.Р. денеска се спроведени на сослушување пред штипскиот суд.

Тие се товарат за кривично дело насилство, откако во јавноста се прошири видеото на кое тие двајца тепаат нивна сограѓанка.

Видеото беше објавено вчера на социјалните мрежи, а полицијата веднаш постапи за пронаоѓање на овие лица, по што ги приведе и ги задржа во 24-часовен притвор.

Штипското обвинителство утринава достави предлог до судот за одредување мерка притвор во насока на обезбедување непречено одвивање на кривичната постапка, како и постоењето околности кои укажуваат дека осомничените ќе го повторат кривичното дело.

Слични содржини