Наскоро 25.000 луѓе ќе може да ги следат дуелите на „Олимпико“

од Vladimir Zorba

Италијанскиот министер за здравство Пјерпаоло Силери рече дека од 8 октомври можеме да очекуваме нови правила во Серија „А“, според кои клубовите ќе отворат третина од капацитетот на трибините.

„Кога се почитува растојанието од 2 метри, кога луѓето не се прегрнуваат затоа што е забрането, кога сите носат маски и користат средства за дезинфекција … Тогаш можеме да побараме вакви одлуки и да им дозволиме на навивачите да пополнат третина од капацитетот на трибините“, вели тој.

Силери, исто така, даде конкретен пример: „Да речеме дека наскоро би можеле да видиме меѓу 20.000 и 25.000 луѓе на Олимпико, кој може да собере околу 80.000 луѓе“.

Потсетуваме, според сегашните прописи, на трибините на натпреварите во италијанската лига може да има илјада луѓе.

Слични содржини