Се подготвува биографски филм за познатата пејачка Ејми Вајнхаус, кој ќе го режира режисерката на филмовите „Nowhere Boy“ и „Fifty Shades of Grey“, Сем Тејлор-Џонсон, пишува Variety.

Ова сценарио студиото „Студиоканал“ го чуваше во строга тајна, но сега почна да кружи и е во фаза на кастинг за актерите.

Како што е наведено, режисерката се надева дека ќе најде некој кој е релативно нов во актерскиот свет за улогата на Ејми Вајнхаус. Тејлор-Џонсон работи на овој проект со голема страст, бидејќи беше блиска пријателка на Вајнхаус.

Филмот ќе се вика „Back to Black“, по големиот хит на Ејми, а се има огромна поддршка од Мич Вајнхаус, таткото на покојната пејачка, кој беше прикажан во негативно светло во документарниот филм „Ејми“ награден со Оскар.

Слични содржини