Наскоро Citroen C4 X

од Vladimir Zorba

Минатата недела видовме Peugeot 408, но од Stellantis наскоро ќе пристигне и Citroen C4 X направен по сличен рецепт.

Така, според некои најави, и Citroen C4 X ќе има изглед на подигната лимузина, помешана со Coupe-SUV стил.

Очекувано, предниот дел ќе го задржи изгледот многу сличен на стандардниот Citroen C4, но најголемите разлики се секако во задниот дел, со наведнат покрив типичен за Coupe-SUV.

Некои извори наведуваат дека овој автомобил долг 460 сантиметри ќе се произведува во Шпанија, но повеќе детали ќе следат наскоро.

Имено, премиерата би требало да се случи оваа недела, а како најава се појавија неколку тизер слики во интернет просторот.

Слични содржини