Наскоро: Документарен филм за Грета

Наскоро ќе започне снимањето на документирана телевизиска серија, посветена младата активистка Грета Тунберг, под продукција на BBC.

Програмата ќе го следи меѓународното залагање на младата Грета за зачувување на животната средина и нејзините состаноци со истакнати научници и политички лидери.

„Во серијата ќе бидат прикажани и некои моменти од нејзиниот живот, на пример кога ги пишува нејзините остри говори кои сега молскавично се шират низ светот“, стои во соопштението на BBC.

Седумнаесетгодишната Грета стана портпарол на генерација загрижена поради климатските кризи од кога почна да организира протести пред шведскиот парламент во август 2018 година.

Слични содржини