Наскоро подкаст на принцот Хари и Меган на „Спотифај“

од Vladimir Zorba

Војвотката и војводата од Сасекс, Меган Маркл и принцот Хари потпишаа партнерство со „Спотифај“ врз основа на кое ќе ја користат оваа платформа за објавување на подкасти.

Имено, нивните подкасти ќе бидат специфични по тоа што ќе ги поддржуваат разликите, а во нив ќе се слушаат приказни од различни агли, пишува Гардијан.

Нивната новооснована компанија „Арчивел аудио“, исто така, ќе учествува во најновиот потфат на парот во ексклузивно партнерство со „Спотифај“. Ќе произведува програми што ќе ја забавуваат публиката ширум светот.

Во изјавата, парот наведува:

„Она што го сакаме за подкастот е тоа што нè потсетува да одвоиме момент и да слушаме и да се поврземе едни со други, без прекини. Со сите предизвици во 2020 година, никогаш не било поважно затоа што кога се слушаме едни со други и кога слушаме приказни за другите, се потсетуваме на тоа колку сме поврзани сите“.

Војвотката од Сасекс ќе биде домаќин и продуциран подкаст кој гради комуникација заснована врз искуство, наративи и споделени вредности.

Во текот на овој месец, „Арчивел Аудио“ во партнерство со „Спотифај Гимлс Студио“ ќе објави празнична специјална програма на кој ќе биде домаќин парот, и во кој ќе има разговори за надеж и сочувство.

Првата серија на подкасти се очекува следната година, но веќе може да се слушне најавата за нивната празнична програма.

Слични содржини