Наскоро само со две примени вакцини на настани и во ресторани

од Берта Китинска

Министерот за здравство Венко Филипче, вчера  најави дека експертите од Комитетот за имунизација подготвуваат укинување на дозволениот влез во ресторани и на настани за лица кои примиле само една доза од вакцината за заштита од Ковид–19 и дека оваа мерка ќе почне да се применува откако ќе биде оставен доволен период за граѓаните вошто  поголем број да се имунизираат.

Целта на ваквото заострување на мерките според министерот  е за да се зголеми бројот на вакцинирани лица.

Слични содржини