Наследството на Марадона далеку помало од очекуваното: Ако заработил милиони, каде отидоа?

од Stefanija Kuzmanovska

Целиот свет беше во неверување кога се појави веста дека легендарниот Диего Армандо Марадона починал. Од тогаш поминаа скоро четири месеци, но многу работи се уште се нејасни кога станува збор за смртта на еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.

Голема мистерија и колку наследство остана зад „Ел Пибе“. Многумина се огласија дека треба да им припадне дел.

Сепак, последните информации од Аргентина наведуваат дека наследството на Марадона е далеку помало отколку што првично се зборуваше и дека изнесува 4,46 милиони евра.

– Се зборуваше за 86 милиони евра, но всушност само околу 4,6 се појавија на неговите банкарски сметки заедмп со еден мал стан, стара куќа и два автомобила – рече адвокатот Марио Баудри, кој го застапува најмладиот син на Марадона, Диего Фернандо, и додаде:

– Диего заработи многу пари, но ги немаше. Тие не се појавија во финансиските извештаи, па затоа не знаеме дали тој ги потрошил – или се на место кое не го знаеме.

Познато е дека Марадона често престојуваше во Дуаби. Постојат информации дека таму има два сефа до кои само „Ел Пибе“ можел да пристапи, но не е познато што има во нив.

Адвокатот исто така рече дека во куќата во Буенос Аирес има сеф за кој Марадона сметал дека само тој може да го отвори, но всушност секој можел.

– Ако заработил милиони, каде отидоа? Ако ги потрошил, и се надеваме дека е така, тогаш нема проблем. Неговите наследници ќе можат да бидат мирни само ако знаат што се случило. Но, сега нема докази за тоа што се случило – заклучи Баудри.

Слични содржини