Насмеани и среќни: Вака изгледаа Меган и Хари на враќањето во Британија (ФОТО)

од Elena Daskalova

Меган Маркл и принцот Хари во моментов се во Велика Британија, каде присуствуваат на последните кралски задолженија, пред целосно да започнат со осамостојување на крајот на воој месец.

За двајцата може да се забележи дека биле цело време насмеани и видливо посреќни од кога и да е. Меган одлучи да облече тиркизен фустан со потпис на Викторија Бекам.

Кога излегле од возилото, многумина од присутните аплаудирале, како да се работи за вистински ѕвезди. Меган не била во велика Британија од „мегзитот“. Таа само имала да каже дека е убаво да биде повторно на вакви официјални настани.

Од 31 март популарниот пар веќе нема кралски обврски. Сепак, нивното повлекување не ја менува линијата за наследство на кралскиот трон, односно принцот Хари останува шести во редот, веднаш по татко му Чарлс, брат му Вилијам и внуците Џорџ, Шарлот и Луи.

Слични содржини