Настапи првото целосно затемнување на Месечината во оваа година

од Stefanija Kuzmanovska

Луѓето ширум светот можеа да го следат затемнувањето на Месечината ноќта помеѓу недела и понеделник, првото целосно затемнување на природниот сателит на Земјата оваа година.

Овој небесен спектакл настапи низ Централна и Јужна Америка и делови од Европа и можеше да се види без специјална опрема.

Станува збор за феномен познат како „Крвава Месечина“, кој се јавува кога Земјата е помеѓу Месечината и Сонцето. Тогаш Месечината добива светло-црвена или кафена боја.

Месечината тогаш изгледа поголема од вообичаеното, бидејќи се наоѓа на најблиската точка на Земјата во нејзината орбита.

Во западните делови на Европа, феноменот се гледаше добро, но многу кратко, бидејќи Месечината заоѓаше за време на затемнувањето.

Слични содржини