Настапот кој сите го очекуваа: Били Ајлиш емотивно за сите оние кои не напуштија изминатава година

Еден од највпечатливите моменти на вчерашните доделувања на Оскарите беше настапот на Били Ајлиш, која се прости од сите филмски великани кои починаа изминатата година.

Додека ја пееше својата емотивна преработка на песната „Yesterday“ од големите Битлси, зад неа се дижеа имиња од славните актери и режисери, но и помалку познатите филмски рбаотници како монтажери и композитори, кои со својата работа го задолжиле светот.

https://www.youtube.com/watch?v=FKmqtaxIS3Y&feature=emb_title

Меѓу имињата на починатите великани можеа да се прочитаат и Коби Брајант, Рип Торн, Тери Џонс, Агнес Варде, Ен Карин, Дорис Деј, Франк Зефирел, Питер Фонд и Кирк Даглас.

Слични содржини