Наставата ќе биде со физичко присуство: „Поголеми се последиците по децата ако не одат на училиште“

од Берта Китинска

Во однос на учебната година,министерот за здравство Венко  Филипче рече дека освен во средните училишта во полошкиот регион, настагва со физичко присуство ќе има во сите општини и информира дека се отфрлени некои барања, како од општините во Струга и Кичево или Маврово – Ростуше таму наставата да биде онлајн.

„Оправдана е загриженоста кај луѓето од отворањето на училиштата, затоа што се грижат за своето здравје и за здравјето на блиските. Но, ние повозрасните, родителите, дедо – баба и другите, можеме да помогнеме наставата да продолжи безбедно и со физичко присуство на тој начин што ќе се вакцинираме. На тој начин и самите ќе се заштитиме. Многу се големи последиците по децата ако втора година по ред не одат на училиште. Само со поголем опфат на имунизација ќе се намали бројот на заразени во земјава. Така е и во целиот свет. Вакцинацијата е засега единственото ефикасно средство за борба со ковид-19“, рече Филипче.

Слични содржини