Наставникот на Мохамед бин Салман: Моето необично искуство во подучувањето на саудискиот принц

од Vladimir Zorba

Луксузни автомобили, воки-токи и кралски протоколи – ексклузивен поглед на животот во внатрешноста на саудискиот кралски дворец.

Мохамед бин Салман, контроверзниот Принц на Саудиска Арабија беше помалку познат на јавноста пред да стане де факто владетел на земјата. Рашид Секаи од арапскиот сервис на Би-би-си кој го подучуваше Мохамед бин Салман кога бил дете говори за ексклузивниот поглед на животот во внатрешноста на кралскиот дворец.

Предавав во престижното училиште Ал Анџал во Џеда во почетокот на 1996 година кога добив неочекуван повик. Гувернерот на Ријад, принцот Салман бин Абдулазиз Ал Сауд се преселил со семејството на одредено време во овој пристаништен град на Црвено Море и имал потреба од учител за англиски јазик за деца.

Човекот кој подоцна ќе стане крал го контактирал училиштето па набрзо ме испратија во кралската палата за да станам приватен учител на некое од децата од неговиот трет брак: Принц Турки, Принц Најеф, Принц Калид и секако Принцот Мохамед.

Живеев во стан кој се наоѓаше во популарниот градски кварт. Шоферот ме чекаше во седум часот наутро за да ме однесе до училиштето Ал Анџал, а попладне кога завршував со часовите ме носеше во палатата.

Кога ќе ја поминевме строго чуваната капија автомобилот возеше покрај вилата од која ви застанува здивот, опкружена со беспрекорни градини кои ги одржуваа работници во бели униформи. Имаше и возен парк – цела флота од луксузни автомобили. Тогаш за првпат здогледав вистински прав розов кадилак.

На влезот во кралската палата ме чекаше директорот на објектот, Мансур ел Шари, средновековен маж со кој тогаш единаесетгодишниот принц Мохамед беше многу близок.

Воки-токи

Мухамед повеќе беше заинтересиран да го поминува времето со кралските чувари отколку да ги следи моите часови. Бидејќи беше најстар од сите деца делуваше како да може да прави што сака.

Се уште се сеќавам како на часовите зборуваше со помош на воки-токи кое го имаше позајмено од еден од стражарите. Се шегуваше на моја сметка и шегите ги пренесуваше на браќата и стражарите од другата страна.

Денеска триесет и четири годишниот принц е министер за одбрана на Судиска Арабија, заменик премиер на својот татко и наследник на престолнината.

Кога во 2017 година стана де факто владетел на Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман се обиде да се претстави како некој кој ќе го модернизира кралството.

И покрај спротивставувањето на верските владетели тој беше прв предводник на воведување на потребните економски реформи и се впушти во подигнување на програмата за либерализација во оваа длабоко традиционална земја.

Додека за некои мерки го фалеа тој беше критикуван за состојбата на човековите права во Саудиска Арабија поради на изглед бескрајната војна со Јемен како и за убиството на саудискиот новинар и критичар на власта, Џамал Кашоги во кралскиот конзулат во Турција во октомври 2018 година.

Во декември 2019 година, пет луѓе добија смртна казна поради убиството на Кашоги.

Во една прилика се зачудив кога Мохамед ми кажа дека неговата мајка рекла дека делувам како вистински џентлмен. Мислев дека се немаме запознаено бидејќи жените од саудискиот дворец не се појавуваат пред странци, додека единствена женска личност на која наидов за време на подучувањето беше дадилка од Филипини.

Не бев ни свесен дека сум под надзор додека идниот наследник на тронот не го впери прстот на некои од сигурносните камери по ѕидовите. Од тој момент на часовите секогаш се чувствував претерано свесно за се што правам и изговарам.

За брзо време ги засакав Мохамед и неговите помлади браќа. Иако предавав на принцови во свет полн со привилегии моите кралски ученици исто како и учениците од моето училиште беа желни за знаење, но и за играње.

Погрешен потег

Еден ден директорот на палатата Мансур ел Шари ме замоли да се состанам со идниот крал кој сакаше да знае како напредува образованието на децата. Сметав дека состанокот ќе биде добра прилика да го споменам неуморното владеење на принцот Мохамед.

Чекав пред канцеларијата на принцот Салман заедно со другите учители на принцовите кои делуваа како да се повеќе упатени во дворските протоколи од мене, новодојден.

Кога се појави пред нас, наставниците скоро па нагло станаа, а јас гледав како еден по еден му приоѓаат на гувернерот на Ријад му се поклонуваат, му ја бакнуваат раката, во кратки црти го известуваат за децата и потоа се повлекуваат.

Кога дојде мојот ред не можев никако да се поклонам пред него како нив. Никогаш го немав тоа направено. И така на чекор од целосна парализа ја пружив раката да се поздравам со идниот крал.

Се сеќавам на благата насмевка и зачуденоста на неговото лице. Сепак не ми замери за мојот погрешен чекор.

Не му споменав како принцот Мохамед се однесува на моите часови бидејќи претходно се одлучив да се откажам од подучување и да се вратам во Лондон.

Потоа Ел Шари ми одржа лекција бидејќи не се придржував според пропишаните дворски правила на однесување.

Освен принцот Калид, кој е именуван за амбасадор на Саудиска Арабија во САД, останатите кралски браќа на кои им држев часови се одлучија да се држат подалеку од очите на јавноста.

Денеска тој краток училиштен мандат го сметам за посебна епизода во мојот живот додека гледам како некогашните ученици стануваат важни личности на светската политичка и социјална сцена.

Извор: Би-Би-Си

Слични содржини