Наташа Петровска ги повика битолчани на прослава за поканата за членство во НАТО

од Vlatko K

Градоначалникот на Битола Наташа Петровска ги повика битолчани вечер во 21 часот, на плоштадот „Гоце Делчев“ да го следат музичкиот хепенинг што се организира по повод поканата на НАТО за членство на Република Македонија во алијансата.

Според Петровска, вечерашниот настан со наслов „Одиме напред“ има многу симболика и е составен дел на историскиот момент за Македонија во иднина да биде рамо до рамо со моќните држави.

– Македонија доби покана за членство во НАТО и датум за преговори за членство во Европската Унија. Со ова Македонија добива шанса да биде рамо до рамо со многу моќни држави од Европа и светот да преговара и разговара за просперитет на своите граѓани, истакна Петровска.

Вечер на плоштадот „Гоце Делчев“ во Битола ќе настапат Дејан Декс, Фладер, Горан Кан и композиторот и пијанист Дуке Бојаџиев.

Слични содржини