НАТО: Белорусија наскоро би можела да ја нападне Украина

од Nikola Popovski

Висок претставник на НАТО предупреди дека Белорусија наскоро би можела да ја нападне Украина и да се подготви да и дозволи на Русија да го распореди своето нуклеарно оружје на белоруска територија, дознава Гардијан.

 

„Владата на Белорусија подготвува контекст за да ја оправда белоруската офанзива против Украина, како и распоредувањето на руско нуклеарно оружје во Белорусија“, рекол функционерот, кој сакал да остане анонимен.

Споменатиот претставник тврди дека НАТО е многу загрижен поради ваквиот развој на настаните.

Слични содржини