НАТО бродови влегоа во пристаништето на новата сојузничка Црна Гора

од desk3
 НАТО поморскта група  2 (SNMG2), која ја сочинуваат два британски и по еден француски и грчки воен брод, впловија во пристаништето Бар, во рамките на редовната мисија во Средоземното море, објави РТЦГ. Oд Министерството за одбрана на Црна Гора соопштија дека целта на посетата е јакнење на односите со Морнарицата на Војската на Црна Гора, како нова сојузничка држава во рамките на Алијансата.

“Два воени разурнувачи на британската Кралска морнарица, и по еден француски и грчки, ќе престојуваат во пристаништетот Бар до 20 септември”, стои во  соопштението на Министерството. Се наведува дека амбасадорката на Велика Британија во Црна Гора Алисон Кемп, со командантите на НАТО бродовите ја посетиле општината Бар, каде биле примени од локаланите власти.

Слични содржини