НАТО ја предупреди Турција да не го користи S-400

од Vladimir Zorba

НАТО изрази загриженост поради извештаите дека нејзината членка Турција за време на вежбата го користела рускиот систем за воздушна одбрана S-400, пренесува Хина.

„Овој систем може да претставува ризик за сојузничките авиони и може да влијае на односите меѓу членките на НАТО“, рече портпаролката на Алијансата во изјавата за ДПА во саботата.

„Ова е одлука на Турција, но S-400 не може да се интегрира во системот за воздушна и ракетна одбрана на НАТО. Важно е Турција да продолжи да работи со други сојузници за изнаоѓање алтернативни решенија.“

Турските медиуми претходно објавија дека владата во Анкара во петокот тестирала ракети земја-воздух недалеку од црноморскиот град Синоп.

„Ако се потврди турското тестирање на системот S-400, тоа ќе биде за жалење“, рече портпаролката на НАТО.

Слични коментари на оваа тема беа направени претходно во Вашингтон. Соединетите држави веќе ја исклучија својата партнерка Турција од програмата борбени авиони Ф-35 за купување руски ракетен систем и се закануваат со санкции.

Од друга страна, Турција тврди дека и е потребен сопствен противавионски систем заради закани од соседна Сирија, но и од самата Турција.

Анкара вели дека не добила разумна алтернативна понуда од партнер во НАТО.

loading...

Слични содржини