НАТО нè штити доколку можен конфликт меѓу Србија и Косово се префрли кај нас, вели Шекеринска

од Nikola Popovski

На прашањето што сме добиле од НАТО, кажувам дека членството во организацијата спречува конфликтот на српско-косовската граница да се префрли на територија на Македонија, вели министерката за одбрана, Радмила Шекеринска во гостувањето на дневникот на ТВ Сител.

Според неа, Македонија е заштитена од НАТО.

-Првата придобивка од НАТО е што кога граѓанинот ќе вклучи телевизор и ќе слушне што се случува на границата помеѓу Србија и Косово, нема првата мисла да му биде дали ова ќе се прелее и кај нас. Членството во НАТО значи дека тие прашања сме ги апсолвирале и дека тој тип на безбедност е загарантиран, рече Шекеринска

Слични содржини