НАТО потврди единство: Се обидува зад себе да ја остави ерата на Трамп

Министрите за надворешни работи на НАТО денеска ја потврдија својата посветеност да се бранат од надворешни напади и ја истакнаа силата на односите меѓу Северна Америка и Европа, по четиригодишно сомневање и загриженост од страна на некои сојузници за време на администрацијата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

„Сега отвораме ново поглавје во нашите трансатлантски односи“, им рече на новинарите генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на почетокот на дводневниот министерски состанок.

Столтенберг му се заблагодари на американскиот претседател Џо Бајден за ветувањето за „обновување на силата на алијансата“.

„Се состануваме во Брисел за да ја потврдиме трајната трансатлантска врска меѓу Европа и Северна Америка, со НАТО во срцето“, рекоа министрите во заедничката изјава со цел да свртат нова страница по ерата на Трамп.

Министрите, вклучително и министерот за надворешни работи на САД, Ентони Блинкен, исто така, ветија дека ќе ја почитуваат клаузулата за колективна одбрана – член 5 од договорот за основање на НАТО, според кој напад на еден сојузник ќе се смета за напад на сите нив.

Министрите за надворешни работи изјавија дека НАТО се соочува со „растечки закани и системска конкуренција“ и додадоа дека „агресивните активности на Русија претставуваат закана за евро-атлантската безбедност“.

Слични содржини