НАТО: Русија мора да ги ослободи украинските морнари и да го напушти Крим

од Vladimir Zorba

Русија мора да ги ослободи украинските морнари и да го напушти Крим. Ова го изјави шефот на Воениот комитет на НАТО, Стјуарт Пич, цитиран од ТАСС.

„Русија мора веднаш да ги ослободи украинските бродови и морнари, кои ги задржа минатата година во Азовското Море“, рече тој.

Пич додава дека „НАТО никогаш не ја признал и нема да ја признае анексијата на Крим.
„Продолжуваме да инсистираме на тоа Руската Федерација да го напушти полуостровот“, вели тој.

Шефот на Воениот комитет на Северноатлантскиот сојуз одржа средба со поранешниот началник на Генералштабот на Украина, Виктор Муженко кој беше отпуштен на 21 мај од новиот претседател на земјата Влодимир Зеленски.

Слични содржини