НАТО: Руската нуклеарна реторика е опасна и неодговорна

од Stefanija Kuzmanovska

НАТО денеска ја критикуваше руската „опасна и неодговорна“ нуклеарна реторика, еден ден откако рускиот претседател Владимир Путин објави дека Москва ќе распореди тактичко нуклеарно оружје во Белорусија.

„НАТО е буден и внимателно ја следиме ситуацијата. Не видовме никаква промена во позицијата на Русија за прашањето за нуклеарното оружје што би не навело да ја прилагодиме нашата позиција по тоа прашање“, изјави портпаролот на НАТО, пренесе „Ројтерс“.

Тој додаде дека сојузниците во НАТО ги почитуваат нивните меѓународни обврски, додека Русија постојано ги прекршува договорите за контрола на вооружувањето и неодамна го суспендираше учеството во Новиот договор СТАРТ.

Слични содржини