Според договорот меѓу талибанците и администрацијата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, сојузничките сили треба да се повлечат од Авганистан до 1 мај годинава.

Министрите за одбрана на НАТО не донесоа одлука на нивниот виртуелен состанок да се повлечат од Авганистан, рече во четвртокот генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

„Во оваа фаза не донесовме конечна одлука за нашето идно присуство во Авганистан“, рече Столтенберг по видео конференцијата на министрите за одбрана на НАТО.

Според договорот меѓу талибанците и администрацијата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, сојузничките сили треба да се повлечат од Авганистан до 1 мај годинава.

„Како што се приближува крајниот рок на 1-ви мај, сојузниците ќе продолжат со консултациите во следните неколку недели за идно присуство во Авганистан“, рече Столтенберг.

Генералниот секретар додаде дека останува целта на НАТО никогаш повеќе да не дозволи Авганистан да стане безбедно прибежиште за терористите.

– Мировниот процес е најдобра можност да се стави крај на годините на страдање и насилство и да се обезбеди траен мир – рече Столтенберг.

Министрите за одбрана одлучија да ја прошират мисијата за обука на силите на НАТО во Ирак од 500 на 4.000.

„Оваа мисија е да ги поддржи ирачките сили кои се борат против тероризмот и враќањето на ИСИС“, рече тој.

Ова беше прв министерски состанок на НАТО од инаугурацијата на новата американска администрација на претседателот eо Бајден, на кој присуствуваше и новиот американски министер за одбрана Лојд Остин.

Една од главните теми на овој министерски состанок беше подготовката за претстојниот самит на НАТО. Датумот на самитот сè уште не е утврден, но се споменува можноста тој да се одржи во јуни.

Слични содржини