НАТО: Веднаш да се прекине конфликтот во Нагорно Карабах

од Vladimir Zorba

Страните во конфликтот во Нагорно-Карабах мораат итно да го прекинат конфликтот и да започнат мировни преговори, рече специјалниот претставник на генералниот секретар на НАТО за Кавказ и Централна Азија, Џејмс Апатурај.

Во соопштението се вели дека НАТО е длабоко загрижен за големи воени конфликти долж линијата на контакт во Нагорно Карабах, се вели на веб-страницата на Алијансата.

„Страните во конфликтот мора итно да ги прекинат непријателствата, што веќе доведе до загуби на животи на цивили. Нема воено решение за овој конфликт”, се вели во соопштението.

НАТО ги повика сите страни да продолжат со преговорите кон мирно решение, нагласувајќи дека во таа смисла ги поддржува напорите на Групата на ОБСЕ од Минск.

Слични содржини