НАТО: Воената соработка меѓу Русија и Северна Кореја е закана за евроатлантската безбедност

од Vladimir Zorba
46 прегледи

Членките на НАТО сметаат дека распоредувањето на севернокорејските трупи е „опасно зајакнување“ на поддршката на таа земја за Русија во војната против Украина.

Во заедничката изјава, 32-те земји-членки на воената алијанса предупредија дека „продлабочувањето на воената соработка“ меѓу Русија и Северна Кореја „длабоко влијае на евроатлантската безбедност, со импликации за Индо-Пацификот“.

Најавата на НАТО беше поддржана од Австралија, Јапонија, Нов Зеланд, Јужна Кореја и Украина, пренесе Ројтерс.

Претходно, Јужна Кореја и Украина објавија дека речиси 10.000 севернокорејски војници се распоредени во Русија.

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, на крајот на октомври изјави дека севернокорејски трупи биле испратени во Русија и дека воените единици на земјата биле распоредени во руската област Курск.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави во четвртокот, по состанокот со Руте, дека „потребен е поодлучен одговор од западните земји на новата улога на Северна Кореја во руско-украинската војна“.

Слични содржини