НАТО: Западните земји не треба да создаваат нова зависност од Кина

од Stefanija Kuzmanovska

Западните земји мора да бидат внимателни и да не создаваат нова зависност од Кина во периодот кога е отфрлено снабдувањето со руска енергија поради војната во Украина, предупреди денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

„Гледаме дека Кина прави сè поголеми напори да воспостави контрола над нашата критична инфраструктура, синџири на снабдување и клучни индустриски сектори“, предупреди Столтенберг за време на посетата на Шпанија и ги повика сојузниците да ја зајакнат отпорноста на нивните земји и инфраструктура, пренесува „Ројтерс“.

Столтенберг ги повика западните земји да не им даваат шанса на авторитарните режими да ја искористат ранливоста на Западот и да го поткопаат.

Слични содржини